Шведска воведе досега најстроги мерки заради вториот бран на пандемијата. Десет месеци по пристигнувањето на коронавирусот во Шведска, премиерот Стефан Лофвен им препорача на своите сонародници за прв пат да користат маски во јавниот превоз. Соочен со нагло зголемување на инфекцијата во последните денови, Лофвен најави низа нови епидемиолошки мерки во обраќање до нацијата.

Рекордни 9.659 нови случаи на ковид-19 беа регистрирани само во четвртокот, а вкупно 7.993 лица починале до петокот наутро. Другите мерки се предвидува бројот на гости на една маса во ресторани да се ограничи на четири (досега осум) лица, продажбата на алкохол е забранета по 20 часот, ограничен е бројот на луѓе кои можат да останат во исто време во затворен простор, сите јавни и државни институции, организации и компании мора да дозволат работа од дома каде што е можно, а средните училишта ќе продолжат со часови преку Интернет по зимските празници.