Предлог-мерката за задолжителна вакцинација или негативен ковид-тест за вработените во јавниот сектор како услов да се појават на работа, уште во вторник ќе се најде на владина седница, рече министерот за здравство, Венко Филипче во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат.
– Во понеделник има закажано состанок на главниот координативен кризен штаб, кадешто првично се разгледуваат предлозите од Министерството коишто доаѓаат преку Комисијата за заразни болести и во вторник како предлог на владината седница – рече министерот Филипче.