Во некои земји е забележано зголемување на бројот на заразени со коронавирусот по олеснувањето на мерките, предупредува Светската здравствена организација, од каде укажуваат дека пандемијата не е завршена.

Портпаролката на СЗО, Маргарет Харис на брифинг во Женева рече дека деновиве гледаме зголемување на бројот на случаи низ целиот свет, не само во Европа.

– Кога се олеснуваат мерките за затворање, попушта социјалното дистанцирање, а луѓето мислат дека се е готово – изјави Харис.

Таа е децидна дека нема да биде готово сè додека вирусот не се искорени насекаде низ светот.