Регулаторите и компаниите кои развиле вакцини размислуваат дали ќе бидат потребни дополнителни дози поради загриженоста дека новите соеви на коронавирусот можат да ја ослабнат заштитата со вакцините наменети за борба со веќе постоечките соеви, објави „Ројтерс“.

Кинеската национална фармацевтска групација „Синофарм“ врз основа на резултатите од третата фаза на клинички испитувања добиени од странство, ќе процени дали ќе биде потребна трета доза по приемот на две дози од вакцината, рече директорот на таа компанија.

Во Чешка е откриена нова, досега непозната варијанта на коронавирус, објавија чешките медиуми. Новиот сој е откриен од експерти од специјализираната лабораторија „Елизабет Фармакон“ од Брно, а според нивната проценка, мутациите не изгледаат поопасни од британскиот или јужноафриканскиот вид.

Истовремено медиумите известуваат дека бројот на случаи со коронавирус во светот надмина 127 милиони лица.