Јапонец кој велел дека сакал да го рашири коронавирусот откако му била дијагностицирана заразата, починал во Јапонија, пренесува „Кјодо њуз“.

Човекот, кој живеел во Гамагори, град во префектурата Ачи, имал 57 години. Починал во болницата каде останал изминатите неколку дена. На пациентот му бил дијагностициран коронавирус на почетокот на март. Тој можел да биде хоспитализиран во одделот за заразни болести дури следниот ден, па лекарите го замолиле да си оди директно дома и да се изолира. Наместо тоа, Јапонецот, наводно, посетил најмалку два бара, известувајќи ги своите роднини кои претходно биле заразени дека тој ќе го шири вирусот.

Во еден од баровите човекот кажал дека е заразен со коронавирус, по што вработените стапиле во контакт со полицијата и јавните здравствени служби, кои го привеле.

До денес, најмалку еден од оние што имале контакти со заразениот човек бил заразен со коронавирусот. Тоа била посетителка на еден од горенаведените барови. Нејзината состојба е стабилна.

Во Јапонија се потврдени повеќе од 1.500 случаи на коронавирус, вклучително и патници и екипажот на бродот „Дајамант принцес“. Триесет и седум лица починаа.