Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наоѓа во самоизолација бидејќи негов соработник, пратеник, е позитивен на коронавирусот.

Нетанјаху до утре треба да се тестира, соопштиле властите. Претходниот тест на 15 март беше негативен.

Прописите на израелското Министерство за здравство бараат општа 14-дневна самоизолација за секого за кој се претпоставува дека бил во близина со заразено лице.

Израелските медиуми пренесуваат дека заразениот пратеник бил на парламентарна седница минатата недела на која присуствувал и Нетанјаху, како и опозициски пратеници, со кои настојува да воспостави итна коалициска влада, за да се помогне во кризата поради пандемијата со коронавирусот.