Фото: Твитер

Шефот на германската дипломатија вели дека воведувањето задолжителна вакцинација во таа земја не е потребно, а тешко е да се спроведе уставно и законски.

Откако Австрија најави воведување задолжителна вакцинација во февруари, во соседна Германија посочуваат дека нема да воведат такво нешто.

– Такво нешто нема да се случи во Германија – изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас за весникот „Билд“.

Тој нагласи дека Германија смета оти тоа не е неопходно и тешко е уставно да се спроведе.

Политичарката од Либерално-демократската партија (ФДП) задолжена за здравство, Кристин Ашенберг-Дугнус, истакнува дека заканата од задолжителна вакцинација нема да помогне.

– Особено земјите со драматичен број на заразени од коронавирус треба да се концентрираат на проширување на понудата за вакцинација и спроведување на нови мерки – рече Ашенберг-Дугнус.