Сите германски хотели се затворени поради пандемијата со коронавирусот, освен еден. Тајландскиот крал Маха Вачиралонгкорн и неговата придружба, од неколку жени и слуги се чини дека добиле специјална дозвола да се засолнат во хотелот Гранд Хотел Соненбихл, кој се наоѓа на падините на Алпите во јужна Германија.

Портпаролот на локалните власти во Гармиш-Партенкирхен потврди дека хотелот добил посебно одобрение за сместување на истакнати гости.

„Тие се единствена, хомогена група на луѓе кои не се движат каде било“, рече тој.

Тајландскиот крал (67) ја сака Баварија и во текот на годината минува многу време таму, а поседува и вила на езерото Старнберг.

Кралот не побегна во својата земја поради ширењето на коронавирусот, бидејќи во екот на пандемијата се нашол во Германија.

Поради ова, тој е критикуван на социјалните мрежи од тајландските државјани кои живеат во странство, но оние во матичната земја не можат да го прават тоа, затоа што навреди за кралот се сметаат за незаконски.