Говорот на германската канцеларка Ангела Меркел каде во минута и половина објаснува како се шири коронаворусот и колку е опасно наглото ублажување на рестриктивните мерки за кратко време, наиде на позитивни коментари ширум светот, а пред се кај Американците кои се спротивставуваат на политиките на Доналд Трамп.

Откако нејзиниот говор беше преведен на англиски јазик, на интернет османаа голем број на коментари во однос на предупредувањата што ги изнесе канцеларката.

– Еве како изгледа кога компетентен човек води држава – е еден од коментарите кои ги пренесуваат медиумите.

Меркел има диплома и докторат за квантна хемија, што несомнено ја прави еден од најквалификуваните лидери за време на пандемијата.

Германија, иако е сериозно погодена од вирусот, успеа да започне со израмнување на кривата и има далеку пониска стапка на смртност од другите земји.