Во Германија бројот на новозаразени со коронавирус значително се зголеми на повеќе од 8.000 случаи за еден ден, што последен пат беше регистрирано во таа земја на 21 мај.

Здравствените установи пријавиле до Институтот „Роберт Кох“ (РКИ) 8.324 нови инфекции во последните 24 часа, што е речиси двојно повеќе од претходниот ден.

Во последните 24 часа починале 22 лица, што е исто пораст во однос на минатиот период, со оглед на тоа што пред една недела имаше 14 смртни случаи како последица на ковид-19, велат здравствените експерти во таа земја.