Жителите на сиромашните и пренаселени населби во Франција се соочуваат со пораст на бројот на смртни случаи, но и со улични нереди, пишува Си-ен-ен. Во истовреме, француските милијардери за време на пандемијата на коронавирус се изолирани во луксузни објекти на Средоземното Море.

Непријателствата кулминирале минатата недела во северните предградија на Париз, по обвинувањата за полициска бруталност и расизам за време на пандемијата.

Забраната за работа на продавниците кои не се од витално значење со 11 мај, како и забраната за движење без дозвола, најмногу влијае на луѓето кои живеат во сиромашните квартови, предупредија неколку организации за човекови права и синдикати.

Тие наведуваат дека луѓето од работничката класа се на првата линија на фронтот, работејќи во службите неопходни за функционирање на државата, но дека социјалната нееднаквост е зголемена поради начинот на управување со кризата и дека ќе кулминира со економска и социјална криза.

Наспроти нив, богатите Французи на најлуксузната локација во земјата, Азурната ривиера, предизвикаа контроверзии од малцинските етнички групи, кога полицаец отворил оган кон автомобил додека поминувал.

Полицијата соопшти дека е во прашање несреќен случај, додавајќи дека 50 луѓе по инцидентот гаѓале полицајци со различни предмети, но во квартот каде веќе имало полициска бруталност и протести против полицијата, некои веруваат дека нивните постапки биле намерни, пренесува Си-ен-ен.

Епидемијата на коронавирусот исто така доведе до драматичен број на смртни случаи во овие квартови, па во работничкиот и малцински кварт на Париз, Сен Дени, меѓу 30 март и 5 април, според податоците на францускиот институт за статистика, забележан е пораст на морталитетот од 295 проценти.