Во Турција, на полноќ стапува на сила забраната за излегување на улица за млади под 20 години, како дел од мерките за борба против коронавирусот, соопшти претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Властите, исто така, ги затворија границите на 31 град за следните 15 дена, вклучувајќи ги Истанбул и Анкара, а од забраната се исклучени возилата за итни случаи.

Употребата на маски за лице ќе биде задолжителна на фреквентни места, додаде Ердоган, појаснувајќи дека тие ќе треба да се носат на пазари и во продавници.

Во Турција заразени се 20.921 лице, а 425 починале, според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.

– Во нашата земја, луѓето под 20-годишна возраст, значи оние родени по 1 јануари 2000 година, нема да им биде дозволено да излезат на улица од полноќ во петок – рече Ердоган во телевизиско обраќање.

На луѓето над 65 години и на оние со хронични заболувања веќе од претходно им е забрането да излегуваат.