Позаразниот вид на ковид, кој се појави во Велика Британија во септември, беше откриен во уште осум земји минатата недела. Тоа значи дека вкупниот број на земји кои пријавиле британски вид скокна на 94, објави Светската здравствена организација (СЗО)

Кога станува збор за јужноафриканскиот вид, тој е регистриран во уште две земји, така што бројот на земји кои го откриле видот 501Y.V2 на нивна територија сега е 46, пренесе агенцијата ТАСС.

Бразилскиот вид П.1 беше пронајден во уште шест земји минатата недела и сега се наоѓа во 21 земја низ светот.