Рускиот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, познат како Институ Вектор, тестира повеќе различни прототип-вакцини против болеста на коронавирус, за да пронајде лек.
– Оваа недела институтот започна со испитување на имуногеноста на чувствителни лабораториски животни на сите развиени прототип вакцини – навела агенцијата за надѕор на потрошувачи „Роспотребнадѕор“.
Од истражувачкиот институт за грип на руското министерство за здравство претходно соопштија дека пронаоѓањето на вакцина би можело да трае меѓу четири и шест месеци.
Светската здравствена организација, која минатата недела прогласи пандемија на коронавирусот, проценува дека пронаоѓањето на вакцина би можело да трае од 12 до 18 месеци, а дека раното испитување би можело да почне за четири месеци.
До денеска во Русија се заразени 199 лица, при што оваа бројка порасна за 35 отсто во однос на претходниот ден. На глобално ниво моментално има 245.888 заразени со коронавирусот, додека над 10.000 луѓе ја загубија битката со оваа болест.
Иако до денеска нема вакцина против новиот вирус ковид-19, над 88.000 луѓе успеаа да се излекуваат.