Фото: Игор Бансколиев

Под диригентската палка на Бисера Чадловска, македонската филхармонија ја изведе симфонијата „Убави денови” од Живојин Глишиќ, специјално напишана во чест на 30-годишнината од македонската независност, со што започна свечената програма за одбележување на овој значаен јубилеј пред македонското Собрание.