Eksplozija
Фото: ЕПА

Три лица се исчезнати, а 18 се повредени во експлозија во котларата на електраната и топланата Шагонар во оддалечениот регион Тува во Русија, изјави регионалниот шеф Владислав Ховалиг.

– Шест лица се во тешка состојба, напиша Ховалиг на апликацијата за пораки Телеграм, а пренесе „Ројтерс“.

Пожарот кој избувна во зградата е локализиран и ставен под контрола.

– Не се пријавени смртни случаи, а причината за несреќата допрва треба да се утврди – додаде Ховалиг.

Руската државна железничка компанија, исто така, во понеделникот соопшти дека била принудена да суспендира или пренасочи некои возови во областа Самара по експлозијата на железничкиот мост над кој украинските разузнавачи соопштија дека пристигнуваат возови со оружје.

Украина тврди дека низ мостот минувале возови со воен товар, вклучително и муниција произведена во блиската фабрика.