Претседателот Александар Вучиќ за „Си-ен-ен“ изјави дека Србија е последната земја на која ѝ биле потребни инциденти на Косово и Метохија. Сакаме да видиме поголемо присуство на КФОР на северот на Косово, како еден од начините за обезбедување на безбедноста на Србите кои живеат таму – рече Вучиќ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, гостуваше во „Си-ен-ен“, во емисијата на Кристијан Аманпур.
Вучиќ, говорејќи за присуството на војската на Србија во близина на административната линија со Косово, рече дека Белград ги почитува извештаите што доаѓаат од американските разузнавачки служби, но дека тие не се целосно точни.
Тој посочи дека присуството на припадниците на српските вооружени сили сега е помало од претходно, околу 4.400, што е редовна бројка и дека нема причина за загриженост.
– Сакаме да видиме поголемо присуство на КФОР на северот на Косово и Метохија како еден од начините за обезбедување на безбедноста на Србите – рече Вучиќ.
Запрашан дали војниците биле преместени кон Косово и Метохија за да се оттргне вниманието од учеството на Милан Радоичиќ во конфликтот, тој нагласи дека тоа не е така.
Тој појасни дека вооружените сили ја следат состојбата на терен и се движат онака како што сметаат дека е најкорисен, истакнувајќи дека не ја потпишале декларацијата за состојба на висока борбена готовност.
– Не потпишав ниту висок степен на борбена готовност. Бројот на луѓе не порасна, ги немаше ниту 60 отсто, како што имавме претходно на административна линија – рече Вучиќ.
– Србија е последната земја на која и беа потребни тие инциденти во Косово, поради динамиката на преговорите – рече претседателот.
Како што истакна, Србија е конструктивен партнер, додека Приштина не направи ништо.
Претседателот посочи дека се врши етничко чистење и дека во последните две години бројот на Срби на Косово и Метохија е намален, сега ги има 10 отсто помалку.
Запрашан дали Милан Радоичиќ ќе одговара, со оглед на тоа што го признал своето учество во инцидентот, Вучиќ рече дека ќе одговараат сите кои извршиле криминални дејствија.
Радоичиќ е на располагање на државните органи и обвинителите ќе си ја завршат работата – посочи Вучиќ.
Сепак, тој ја нагласува важноста на коренот на проблемот, а тоа е дека Србите сакале да се заштитат, но го осудува убиството на полицаецот.
Тој потсети дека Србите се апсат без обвинение, дека ЗСО се уште не е формирана, иако договор за тоа беше постигнат уште во 2013 година.
Вучиќ рече дека Србија е целосно конструктивна во преговорите, дека прифаќа се, а потсети дека тоа го потврди и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и посредник во преговорите, Жосеп Борел.
– Претставниците на ЕУ, сите учесници во преговорите, рекоа дека Приштина е таа што ги опструира преговорите – додаде Вучиќ.
Кога станува збор за ситуацијата во Босна и Херцеговина, претседателот рече дека секогаш го почитувал Дејтонскиот договор и никогаш не го доведувал во прашање.
– Отсекогаш сум бил одговорен и сериозен за Босна и Херцеговина. Секогаш сум го поддржувал територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и Дејтонскиот мировен договор – рече претседателот.