Фото: ЕПА

САД ќе му предложат на Советот за безбедност на Обединетите нации резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа.

Вашингтон, најверниот сојузник на Израел, постепено почна да го омекнува тонот од претходната поддршка за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата војна во Газа, пишува „Гардијан“.

Последната нацрт-резолуција означува дополнително заострување на пристапот на Вашингтон во услови на растечка глобална осуда на војната, во која загинаа речиси 32.000 Палестинци. Експертите на ОН, исто така, предупредија на неизбежен глад како резултат на израелската блокада.

Нацрт-американскиот текст го опишува „непосреден и одржлив прекин на огнот“ како императив за заштита на цивилите и овозможување испорака на хуманитарна помош. Прекинот на огнот ќе биде условен и со ослободување на некои од преостанатите израелски затвореници кои Хамас ги зеде во нападот врз Израел на 7 октомври.