Фото: Пиксабеј

Ги избравме најдобрите приказни за 2022 година

По разгледувањето и препрочитувањето на пристигнатите над 250 ракописи на годинашниот Конкурс за краток расказ на „Нова Македонија“, членовите на комисијата, во состав: Александар Прокопиев, селектор, и Весна Дамчевска, уредничка на редакцијата за култура и претставничка на „Нова Македонија“, ги избраа најдобрите за ова издание.
На Конкурсот за краток расказ доделуваме три главни награди за расказите: првата награда за „Кажи му на кучето“ (шифра: The thing), втората награда за „Герника“ (испратен без шифра, од следната адреса: [email protected]) и третата награда за „Розов еж“ (шифра: 44 зајдисонца).
Откупни награди освоија расказите: „Морска“ ( испратен без шифра, од следната адреса: [email protected]), „Вода“ (шифра: Третиот камен од сонцето) и „Големиот чекор“ (шифра: Ѕвездооки). Во наредните денови очекуваме авторите на наградените раскази да се јават во редакцијата на „Нова Македонија“ (+389(0) 2 5511711 или на 071 386163), а потоа да приложат примерок од расказот како потврда.
По доделувањето на наградите, избраните раскази редакцијата на „Нова Македонија“ ќе ги објавува во прилогот за култура ЛИК, кој излегува секоја среда.

Главни награди

Прва награда – „Кажи му на кучето“ (шифра: The thing)
Втора награда – „Герника“ (испратен без шифра, од следната адреса: [email protected])
Третата награда – „Розов еж“ (шифра: 44 зајдисонца)

Откупни награди

„Морска“ ( испратен без шифра, од следната адреса: [email protected])
„Вода“ (шифра: Третиот камен од сонцето)
„Големиот чекор“ (шифра: Ѕвездооки).