Евгениј Пригожин во Бахмут/Фото: Принтскрин

Шефот на приватната воена компанија, „Вагнер“, вели дека неговите луѓе ќе почнат да се повлекуваат од Бахмут следната недела, бидејќи се се помалите резерви на муниција и зголемени загубите.

На својот официјален Телеграм канал, шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, ја обвини руската воена команда за недостигот на муниција и рече дека неговите сили ќе почнат да се повлекуваат од 10 мај.

– Окупиравме 95 отсто од Бахмут. За овие последни 5 проценти руската армија не одиграат никаква улога – рече Пригожин.
– Ја немаме потребна муниција и никој не комуницирал со нас за враќање во полн капацитет – обвинува шефот на „Вагнер“ додавајќи дека „Подобро е да ја спасиме нашата војска отколку да ја добиеме битката“.