Фото: Н.М.

Министерството за внатрешни работи информира дека од вчера е воведена уште една нова секција на веб-сајтот https://termin.mvr.gov.mk/ која има за цел да придонесе кон побрзо закажување на термин за фотографирање за лични документи.

Во оваа секција наречена „Поднеси барање за термин“, се појаснува во соопштението од МВР, граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин.

Фото: Принтскрин / веб страна на МВР

Откако ќе го испратат барањето, се додава, операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок.

До оваа секција директно може да се пристапи преку следниот линк:
https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request