Кај муралот на Горан Стефановски – ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА на Бранко Цвијановиќ

Фотографија на авторот Бранко Цвијановиќ е овонеделниот извор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.

-Тешко е кога човек е странец во странство. Но уште потешко е кога човек е странец дома. Најстрашни се оние времина кога самиот дом се претвара во туѓина, во џенем, во јабана. Кога човек е на своето огниште, а саштисан и отуѓен како змија да го полазила. Кога е внатрешно раселено лице. Кога т’гата не е поради отсуство туку поради присуство. Кога седи среде куќи, а не може да си jа препознае домата – го цитира Горан Стефановски авторот на фотографијата Бранко Цвијановиќ.

Фото: Бранко Цвијановиќ

Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.


📸 „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата 👇
📇 Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
➡ Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
➡ Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
➡ Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
➡ Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
➡ Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.