Фото: Маја Јаневска-Илиева

Почна бербата на винското грозје во винарницата „Стоби“, а со тоа и почна годинашното производство на врвните вина на оваа винарница.
Винарницата „Стоби“ своето вино го произведува од сопствени лозови насади.

– Денеска се донесени првите набрани количества грозје од лозовите насади, се сипуваат во мелниците и тука почнува процесот на производство на вино. Што се однесува до годинашнава берба, морам да истакнам дека што се однесува до квалитетот, годинава тој е многу подобар. Но, од друга страна, сакам да истакнам дека има големи загуби заради системите за наводнување, што практично предизвикува огромни штети, бидејќи заради лошите системи за наводнување, се намалуваат количините на грозје. А годинава имаше доволно сончеви денови, па очекуваме да ги има потребните шеќерни единици, а потоа и висококвалитетно вино. Нашата професионалност и знаењето на експертите значат и врвно вино – вели Сашо Игњатовиќ, комерцијален директор во „Стоби“.

Винарницата „Стоби“ произведува висококвалитетно вино, кое се пласира на домашниот и на странскиот пазар. Н.Б.З.