Во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, 2021 година е посветена на великанот на македонската култура, со што нашата земја и официјално се приклучува кон одлуката на Генералното собрание на Обединетите нации оваа година да биде Година на мирот и довербата, велат од Минситерството за култура.

Од таму додаваат дека тие во соработка со Министерството за образование се носители на програмата за реализација на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, која ќе се одвива под покровителство на претседателот на државата, Стево Пендаровски.
– Програмата ќе се реализира во текот на целата година, со активности на повеќе институции, министерства, органи на државната управа, здруженија во земјава и во странство, а средствата се обезбедени од Министерството за култура, од Министерството за образование и од Агенцијата за спорт и млади – се нагласува во соопштението од ресорното министерство.

Во него се додава дека покрај многубројните културно-образовни содржини, во рамките на јубилејот е предвидено Народната банка да издаде златна кована монета со ликот на Блаже Конески, а Поштата ќе издаде поштенска марка со ликот на великанот на македонската култура.

Настаните ќе се реализираат под унифициран плакат и лого на манифестацијата.