Во индустриската зона „Жабени“ дојде до смена на директорската позиција.
За нов директор на ИЗ „Жабени“ е избран Владо Талевски, кој на таа позиција
доаѓа на местото на Анита Крстевска.

Талевски е поранешен раководител во Термоелектрани Битола, бил задолжен за
меѓународна соработка во ЕЛЕМ и учествувал на повеќе проекти со големи корпорации како “SIMENS“, “Babcock Borsig“, “Power Machines“ и слично. На почетокот на својата кариера бил демонстратор на Техничкиот факултет во Битола, на отсекот по машинство.

Тој по професија е машински инженер, избран за најдобар студент на генерација,
магистрант во областа производно-машинство, национален консултант на „UNIDO“ (United Nations Industrial Development Organization) за Електрани на Македонија М.М.