Фото: Маја Јаневска-Илиева

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ја намали цената за парното греење за 35 проценти за сите деловни корисници во град Скопје. Ова, како што денеска информираше на прес-конференција претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, се должи на намалувањето на цената на природниот гас на берзите.