Фото: Илустрација/архива

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,65 отсто во однос на одлуката од 13 ноември.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,158 %, кај дизелот има намалување 0,807 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 1,158 % и кај мазутот намалувањето е 1,035 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,562 %.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ не се менуваат.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 0,50 денари/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 1,00 денар/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,559 денари/кг и сега ќе изнесува 42,773 денара/кг.

– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 21.11.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени – велат од РКЕ.