Фото: Архива

АД ЕСМ доставила до ЕВН Хоум како универзален снабдувач, понуда за купопродажна цена на електричната енергија од 53 евра за мегават-час за покривање на 100 проценти од вкупно планираните количини.

– Оваа цена е за околу 5,35 проценти пониска од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јануари-јуни 2023), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 56 евра за мегаватчас – информираа од ЕВН Хоум.

За цената на електричната енергија на ЕВН Хоме во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоум, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.

Од ЕВН Хоум информираа дека понуда на тендерот пристигнала само од АД ЕСМ.