Фото: М.М.

Информативната табла на која се испишани имињата и знамињата на државите кои учествуваа во изградбата на болдер-ѕидот во Градскиот парк во Битола, повторно е делумно уништена.

Пред извесно време со самолепливи ленти беше прекриено местото каде што стоеше името на донаторот на информативната табла, Министерството за надворешни
работи на Бугарија, а утринава засега непознати сторители ја искршија информативната
табла со бугарското знаме и логото на бугарскиот донатор.

Со употреба на цврст предмет скршено е стаклото во делот каде што стоеше
бугарското знаме и логото на бугарскиот донатор, како и местото со текстот
на кој пишуваше дека болдер-ѕидот е „бугарска помош за развој на министерството за
надворешни работи преку Генералното конзулство на Република Бугарија во Република
Северна Македонија Битола – 2022-2023 година“. Уништено е и логото на бугарската помош за развој и знамето на Република Бугарија.

Ни во првиот, ни во вториот случај не се знае кој го изврши овој вандалски чин. М.М.