Фото: „ЛУКОИЛ Македонија“

Заврши наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија „ИГРАЈ ЗА HYUNDAI VENUE И 120 НАГРАДИ ЗА ПАТУВАЊЕ И КАМПУВАЊЕ“. Елеонора Гаштевска, од село Цапари, Битолско, е добитничката на главната награда – автомобил Hyundai Venue. Денеска, на БС ЛУКОИЛ Првомајска, во Скопје во присуство на н.е. амбасадорот на Руската Федерација во Р.С. Македонија, Сергеј Александрович Баздникин, раководителот на Балканската Меѓурегионална Организација „ЛУКОИЛ” и генерален директор на
„ЛУКОИЛ Македонија” Денис Јурјевич Рјупин и регионалниот управител на „ЛУКОИЛ Македонија” Андреј Михајлович Куку свечено беше доделен автомобилот Hyundai Venue. Клучевите веќе се во рацете на најсреќната Елеонора.

– „ЛУКОИЛ Македонија“ фокусирано работи на креирање позитивно искуство со своите корисници. Секојдневно, преку снабдување на гориво со постојан квалитет, но и обезбедување на висококвалитетни услуги. Задоволството на потрошувачите и нивната лојалност за нас се од големо значење. Токму затоа, секоја година бараме начин како да им кажеме благодарам. Оваа година организиравме голема наградна игра која траеше 6 месеци, пред новогодишните и божиќните празници, во духот на дарувањето ја доделивме и главната награда – прекрасниот автомобил Hyundai Venue. На Елеонора ѝ посакувам добро здравје и многу среќа во годината што доаѓа и секако сигурни и безбедни патувања со новиот автомобил – изјави г-динот Андреј Михајлович Куку регионален управител на „ЛУКОИЛ Македонија“.

– Годинава „ЛУКОИЛ Македонија“ е нашиот Дедо Мраз! Подобар подарок и поголемо изненадување не можевме ни да замислиме. Веќе ги имам клучевите во рака, но сè уште се прашувам дали ова навистина мене ми се случи. Пресреќна сум! За мене ова е навистина голем ден! Пред новогодишните и божиќните празници би сакала да им посакам на сите да се надеваат и да веруваат, зашто среќата се случува кога најмалку ја очекуваме. И благодарност од срце за „ЛУКОИЛ Македонија“ кои мислат и нас
потрошувачите и ја ценат лојалноста” – изјави добитничката на главната награда Елеонора Гаштевска.

Наградната игра започна на 15 јуни, а заврши на 15 декември 2023 година. Во тој период беа изведени вкупно 6 извлекувања и беа доделени 120 награди на исто толку среќни добитници. Најголемата среќа во оваа наградна игра ја имаше Елеонора од село Цапари, Битола – добитничката на главната награда – автомобил Hyundai Venue.
„ЛУКОИЛ Македонија“ изразува огромна благодарност до сите што учествуваа во наградната игра и им ги честита новогодишните празници на сите граѓани на Македонија.

Комерцијална објава