Фото: МИА

Трпе Дејановски од Синкатот на УПОЗ во емисијата „24 Отворено“ рече дека моменталната вредноста на потрошувачката кошничка е 51.234 денари. Од направените пресметки минималната плата во март треба да се зголеми за 2.700 денари.

– Според пресметките неофицијални од Министерството за финансии таа ќе порасне за 1.800 денари. Кај нас најсоновните производи се во минималната кошничка и не влегуваат тука луксузните производи. Имаме трошоци за исхрана, пијалоци и домување. И да порасне минималната плата, две минимални не ја стигаат синдикалната минимална комшница. Минималната плата треба да биде 26.000 денари, за да може едно четиричлено семејство без автомобил да го издржи месецот – вели Дејановски.