Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) оваа година предвидува зголемување на патничкиот сообраќај до 83 отсто во однос на периодот пред пандемијата, по две тешки години во кои авиокомпаниите загубија 180 милијарди долари

Генералниот директор на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), Вили Волш, истакна дека е зголемен патничкиот, а добро функционира и товарниот авиосообраќај во услови на зголемена економска несигурност. Вкупната побарувачка за авионски патувања во април 2022 година (мерена во приходите од патнички километри, или ППК) беше зголемена за 78,7 отсто во споредба со април 2021 година и малку повеќе од растот од 76,0 отсто забележан во март 2022 година на годишно ниво. Меѓународните ППК во април беа намалени за 37,2 отсто во споредба со нивоата пред пандемијата за истиот месец во 2019 година, додека домашните ППК беа за 25,8 отсто од 2019 година. ИАТА предвидува 782 милијарди долари во 2022 година, со нето-добивка по оданочување од -9,7 милијарди долари.
Товарниот воздушен транспорт, кој беше ретка светла точка во пандемијата, ќе оствари нешто помалку приходи од 191 милијарда американски долари, но сепак тоа е двојно повеќе од нивото од 2019 година. Авиокомпаниите, кои сакаат да ја остават пандемијата зад себе, се соочуваат со потенцијално лето на хаос, со недостиг од персонал и штрајкови, кои би можеле да го загрозат нивното закрепнување. За време на пандемијата, авиокомпаниите и аеродромите отпуштија илјадници работници, а сега се обидуваат да ги вработат повторно.