Фото: Игор Бансколиев

Во текот на месецов забележан е раст на извозот на кромид од Албанија за македонскиот пазар, посебно од округот Корча, кој е и најголем производител на оваа градинарски култура, објавува МИА.

– Големи количини на кромид извезени се за Македонија, на чиј пазар имаше недостиг, идентично како и за Косово. Земјоделците од Корча се задоволни бидејќи имаат поголема добивка – наведуваат медиумите.

Додаваат дека земјоделците се повеќе од задоволни како поради обезбедениот пласман така и од откупната цена, која на големо изнесува 80 до 90 лека (околу 0,7 евра).

Зголемениот извоз на кромидот услови раст на цената на мало на домашниот пазар, која моментно изнесува 150 лека (1,3 евра).