Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 отсто во однос на Одлуката од 27 декември.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 како и на Еуродизел (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,85 денари за килограм и сега ќе изнесува 40,21 денари за килограм.
Од 4 јануари од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 75 денари за литар
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 77,00 денари за литар
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е В) 65,5 денари за литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,5 денари за литар
Мазут М-1 НС 40,21 денари за килограм
Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 4,218 %, кај дизелот за 3,934% , кај екстра лесното масло за 4,093 % и кај мазутот за 3,052 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0, 217 % .