СОНК ќе го стави штрајкот во мирување додека не се изнајде решение со министерството за образование и наука.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков истакна дека синдикатот чека Министерството да го каже својот став во врска со нивните барања во колективниот договор да се вгради исплатата на прекувремена работа, исплаќање на патните трошоци итн.

Министерот за образование, Арбер Адеми, изрази надеж дека ќе се постигне договор за зглемување на платите во најбрз временски период.