Гасоводот „Северен поток 2“ нема никаква врска со политика, туку е исклучително комерцијален проект, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Тој на заедничка прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Сочи истака дека Русија ќе продолжи да извезува гас преку територијата на Украина.

Меркел, од своја страна, потенцираше дека и по завршување на гасоводот „Северен поток 2“, неопходно е на Украина да и се дадат гаранции дека ќе продолжи испораката на гас преку нејзина територија.