Слободно движење на стоките, слободна трговија со услугите, отстранување на пречките во трговијата со стоките и услугите, како рамка за поголеми олеснувања во рамките на заедничкиот регионален пазар се главните приоритети на Македонија за подобрување на соработката во регионот. Со заеднички напори на сите земји и со имплементација на мерки за поголема соработка може да се придонесе за поголем просперитет за граѓаните.
– Почетокот на спроведувањето на Акцискиот план на заедничкиот регионален пазар 2021-2024 се обединува во периодот на закрепнување на националните економии од пандемијата, насочувајќи ги земјите од Западен Балкан да го направат регионот попривлечен за инвестиции и трговија. Важното прашање за Македонија, но и за другите земји на Западен Балкан, е дека интензивните активности за спроведувањето на Акцискиот план и постигнатите резултати може да придонесат значително кон процесот на пристапување кон Европската Унија – истакна министерот за економија Крешник Бектеши, во своето обраќање на „Преспа форум дијалог“.
– Сите сме посветени на подобра регионална соработка. Како можност за постигнување резултати за ова прашање, работевме во рамките на Акцискиот план за меѓусебни трговски прашања, олеснување на трговијата со стоки и услуги и создавање слободен регион од нетарифните бариери. Предизвик е да се постигнат планираните активности за време на различната фаза на статусот на закрепнување на Западен Балкан. Но што можеме да сториме за да го подобриме? Мислам дека вистинскиот одговор е да се ориентираме кон консензуални одлуки на Западен Балкан за исполнување на обврските од Акцискиот план. Ова е важно пред сѐ бидејќи мерките од Акцискиот план се насочени кон олеснување на трговијата со стоки и услуги без сите видови бариери – истакна министерот Бектеши.
Друг предизвик, како што спомена тој, ќе биде спроведување мерки во националните економии што можат да ја поддржат трговската размена и во исто време се компатибилни со активностите во Акциониот план.

Меѓу мерките што Македонија веќе почна да ги спроведува како дел од пакетот економски мерки за поддршка на економијата за справување со ефектите од пандемијата за компаниите извознички е ревидирање на царинскиот тарифник и приспособување со правилата на пазарот на ЕУ и пазарите на земјите-членки на Светската трговска организација.
Како перспективи за заеднички регионален пазар, министерот посочи дека е потребно активно учество на земјите од Западен Балкан во имплементацијата на Акцискиот план како приоритетни активности за да има видливи резултати, како и да се стимулира деловната заедница во спроведување на мерките со цел да се развие подобра конкурентност меѓу компаниите во регионот.
– Преку планот за економски раст и новата ревидирана индустриска стратегија, ние се фокусиравме на развој на индустријата во земјата.

Новата индустриска стратегија ги поставува приоритетите во индустриската политика, почнувајќи со зајакнување на производството преку производство на продуктивност, иновации и трансфер на технологија или трансформација на индустријата во зелена индустрија, сите базирани сектори за производство на контекстно-ориентирано производство и учење што е во согласност со европската визија за здравствена едукација преку развој на производствениот сектор, зелено производство и поврзување на странските директни инвестиции со локалните производители – вели Бектеши.