„ПерпетууМобиле“ е компанија со докажен квалитет веќе 25 години присутна на пазарот во дејноста транспорт на пари и обезбедување. Нов предизвик на оваа компанија е што стана дел од дејноста за хигиена и чистење деловен и станбен простор.

Континуитетот во постојаното одржување хигиена во деловните и во станбените простори е од голема важност за секој правен субјект или за физичко лице. Беспрекорната и чиста средина се клучен елемент за здравјето на една индивидуа, како и задолжителна средина за нормална работна атмосфера.

Без да ве загрижува обемот и интензитетот на обврските околу чистењето или одржувањето на хигиената на високо ниво, дозволете професионалци да ја преземат одговорноста во тој сегмент во свои раце.

Ангажирајќи професионална компанија заштедувате време, средства, а добивате квалитетна услуга со лиценцирани средства, производи и опрема, воедно сите услуги се приспособливи на вашите потреби.

Со својата менаџерска, техничко-технолошка и кадровска структура на високо квалификувани хигиеничари од секаков профил, компанијата „ПерпетууМобиле“ е максимално подготвена да одговори на сите предизвици од областа на хигиената и тоа:
-секојдневно одржување хигиена,
-неделно одржување хигиена,
-генерано чистење станбен и  деловен простор,
-генерално чистење станбен и деловен простор по градежен зафат,
-машинско чистење подни површини,
-чистење фасада,
-чистење достапни и недостапни прозорци.