Фото: ОК Газели Волеј

Одбојкарките на Газели Волеј по голема борба успеаја да ја совладаат екипата на Пелистер Волеј на гостувањето во Битола. Конечниот резултат Пелистер Волеј– Газели Волеј 2:3, или по сетови (19:25, 25:19, 25:27, 25:15,10:15) доволно зборува за фактот дека бројната битолска публика следеше борбен и неизвесен натпревар.

Двете екипи заслужуваат комплименти за енергијата и борбеноста што ја демонстрираа во текот на целиот натпревар, во кој гостинките беа за нијанса подобри и заслужено ги освоија бодовите.

Со одигрување на мечевите од седмото коло, до крајот на првиот дел од сезоната остануваат уште по два натпревари. Екипата на Газели Волеј следниот натпревар го игра на домашен терен против Фламинго Волеј.