Фото: „Нова Македонија“

КОШАРКА

Далас се пласира, десет тима веќе се елиминирани, а 19 клуба се тркаат за седум преостанати места во четврт-финалето во кошаркарскиот НБА-куп, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Групната фаза на турнирот во НБА што се игра во текот на сезоната заврши утринава со 11 натпревари. Далас е единствениот тим што влегува во последниот ден од групната фаза сезонава знаејќи дека оди во четврт-финалето, како прв во западната група А. Можна е израмнетост кај други екипи, по што за пласман ќе се сметаат резултатот во меѓусебните средби, кош-разликата, вкупниот број поени, резултатот во регуларната сезона и, ако повторно е израмнето, НБА ќе одлучи со извлекување, пишува АП. Во четврт-финалето ќе играат победниците на шесте групи и две најдобри второпласирани (по една од секоја конференција).
Табели: Исток, група А: Орландо 3-1, Торонто 2-1, Детроит 2-1, Бруклин 1-2, Милвоки 0-3. Група Б: Филаделфија 2-1, Мајами 2-1, Кливленд 2-2, Индијана 1-2, Њујорк 1-2. Група Ц: Бостон 3-0, Атланта 2-1, Вашингтон 2-2, Чикаго 2-2, Шарлот 0-4. Запад, група А: Далас 3-0, Денвер 2-1, Хјустон 2-2, Феникс 1-2, Јута 0-3. Група Б: Минесота 3-0, Мемфис 2-1, Оклахома 2-2, ЛА клиперс 1-2, Њу Орлеанс 0-3. Група Ц: Сан Антонио 2-1, Портланд 2-1, Голден стејт 2-1, ЛА лејкерс 2-1, Сакраменто 0-4. Н.М.