ТЕНИС – ДЕЈВИС-КУП

  • Синоќа во полуфиналето играа Италија и Чешка, а денеска на програмата е дуелот Велика Британија – Шпанија

Репрезентацијата на Велика Британија се пласира во полуфиналето на тенискиот Дејвис-куп првпат од 2019 година, откако Хенри Патен и Нил Скупски го добија решавачкиот дуел во двојки по нерешениот резултат по поединечните мечеви со Германија, на турнирот во Болоња (Италија), пишува „Би-би-си“.
Најдобриот светски тенисер Александар Зверев претходно го заврши натпреварот со победата на дуелот со британскиот број еден Артур Фери во два сета, поништувајќи ја победата на Камерон Нори во три сета над Јан-Ленард Штруф.
Полуфиналето на Велика Британија е закажано за денеска, со Шпанија. Шпанците Даниел Мерида и Рафаел Ходар ги добија своите натпревари во поединечна конкуренција, што значи дека репрезентацијата не требаше да игра натпревар во двојки, дозволувајќи му на Карлос Алкараз да се одмори, пишува „Би-би-си“.
Актуелниот шампион Италија синоќа играше со Чешка во првото полуфинале.
Годинашниот турнир во Дејвис-купот е 114. по ред, а ова тениско натпреварување на репрезентации се игра од 1900 година. Најуспешна селекција е САД со 32 титули, а потоа следуваат Австралија со 28, Франција и Велика Британија со по 10 итн. Н.М.