Фото: ЕПА

Јужнокорејскиот претседател Ли Џае Мјунг повика на формирање меѓуагенциско тело за кибербезбедност, кое ќе ги координира функциите што во моментов се распределени меѓу различни државни агенции.

Повикот го упати за време на состанокот на кабинетот во Сеул, нагласувајќи ја потребата од поефикасна координација во справувањето со киберзаканите.

Ли повика на премин од реактивен пристап, односно преземање мерки по настанат инцидент, кон сеопфатен превентивен систем што ќе ги штити јавните услуги и критичната инфраструктура на земјата.