Фотографијата Смоларски водопад на авторот Мирза Ченгиќ е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
-Смоларски водопад, еден од најубавите водопади во Македонија, сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница.
Тоа е и највисокиот водопад во Македонија, со височина од 39,5 метри – вели Ченгиќ.

Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.
„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.
































