Фото: Пиксабеј

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 3,3 степени по Рихтер денеска во 14:04 часот е регистриран во југозападниот дел од земјава, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на потресот потекнува од епицентралното подрачје Преспа, на околу 127 километри југозападно од Скопје.

Според телеметриската сеизмолошка мрежа, земјотресот најсилно бил почувствуван од жителите на Битола и околината, со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Засега нема информации за предизвикана материјална штета. Од Сеизмолошката опсерваторија апелираат до сите граѓани кои го почувствувале потресот да се јават на бројот 112 со цел да помогнат во прибирањето податоци за сеизмолошките истражувања.