Фото: Фејсбук профил/ Кристијан Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска присуствуваа на отворањето на 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Мицкоски преку објава на „Фејсбук“ порача дека македонската делегација со гордост ја претставува земјата на меѓународниот форум каде што се разгледуваат најважните глобални прашања.

Фото: Фејсбук профил/ Кристијан Мицкоски

 – Денеска бевме дел од отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации. Настан кој ги обединува претставниците на државите од целиот свет и претставува важна платформа за разговори за глобалните предизвици, мирот, безбедноста и иднината на меѓународната соработка – наведе Мицкоски.

Тој посочи дека присуството на Македонија на Генералното собрание е можност за градење партнерства засновани на почит, дијалог и заеднички интереси.

 – Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот и каде што се градат партнерства засновани на почит, дијалог и заеднички интереси – порача премиерот.

Мицкоски, кој престојува во САД на чело на владина делегација, во рамки на посетата е предвидено да има и обраќање пред Генералното собрание на ОН.

Фото: Фејсбук профил/ Кристијан Мицкоски

Генералната дебата на 81. сесија ќе трае до 28 септември, а во фокусот ќе бидат глобалните предизвици и приоритети под мотото „Обнова на довербата, управување со трансформацијата: Обединети нации што им служат на сите“.

На заседанието во Њујорк се очекува лично да присуствуваат околу 130 шефови на држави и влади.