Денеска времето ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 8 до 19 степени, додека максималните ќе достигнат од 30 до 36 степени.
Во Скопје ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 13 до 36 степени.
Во текот на утрешниот и задутрешниот ден претпладне се очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови, наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредуваат дека поради големата енергија во атмосферата, локално временските процеси може да прераснат во невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
До крајот на седмицата на места ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
































