Во среда и во четврток претпладне времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Поради големата енергија во атмосферата, локално процесите ќе бидат во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, ќе има наместа и до крајот на седмицата.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.






























