Фото: „Нова Македонија“

На граничниот премин „Богородица“ претпладнево се бележи задржување од 15 до 30 минути за излез од државата, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

На останатите гранични премини од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од земјата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од населените места е зголемен.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат со зголемено внимание.

Посебна внимателност се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. На возачите им се укажува на внимателно движење, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.