Фото: МИА/илустрација

До 18 часот попладнево во земјава се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, три се под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има во:

  • Ѓорче Петров – село Грачани, каде што пожарот моментално е активен на територијата на Република Косово, во шумски предел;
  • Струга – меѓу селата Буринец, Локов и Селци, нискостеблеста шума;
  • Македонски Брод – село Белица, месност Кајорец, борова шума;
  • Кратово – пожар на депонија;
  • Босилово – меѓу селата Моноспитово и Бориево, на депонија;
  • Велес – село Кочилари, од каде што пожарот се префрлил на територијата на Општина Свети Николе, во селото Бекирлија, каде што гори ниска вегетација и борова шума;
  • Маврово и Ростуше – планината Бистра, месност Кириловец, каде што гори пасиште и ниска вегетација;
  • Сарај – село Горна Арнакија, нискостеблеста шума.

Под контрола се три пожари – во село Копаница во Општина Сарај, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, во село Брест, месност Рамно на Скопска Црна Гора, во Општина Чучер-Сандево, каде што гори мешана шума, и на градската депонија во Делчево.

Од вкупно регистрираните 23 пожари, 12 се изгаснати.