Фото: „Нова Македонија“/ Архива

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе се движи од 13 до 20, а максималната од 31 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне 37 степени.

Според УХМР, во следните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло време, но попладне наместа ќе има изолирана појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.